Партиските тела ги прегледаа кандидатурите за наследник на СДСМ – Арсовски: Може да има и втор круг, сите сценарија се во игра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Верификационата комисија на СДСМ , побарала дополнителни информации од Надзорниот одбор на партијата за проверка на четворицата претенденти за челната позиција на СДСМ, а по повлекувањето на Зоран Заев од Бихаќка. До вчера додека беше и рокот , доставени беа четири кандидатури за партиски лидер на СДСМ од Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии, Фросина Ременски, поранешна пратеничка и потпретседателка на СДСМ, Властимир Алексовски, член и активист на СДСМ од општинската од Куманово и од Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата на технолошко индустриски развојни зони.

„Три кандидатури се целосни со сите потребни документи и услови согласно правилата и условите кои беа распишани“, вели Славјанка Петровска.

Иако на почеток се мислеше дека само фаворитот на Заев , Ковачевски ќе биде кандидат сепак ситуацијата на терен е поинаква. Според политичкиот аналитичар Петар Арсовски , не треба да се потценат и другите кандидати .

„Зоран Заев веќе без малку експлицитно кажа дека тој има свој фаворит , така што таквата поддршка може да направи неговиот човек да помине уште во првиот круг. Иако не треба да се потценат другите кандидати , јас мислам дека ќе имаме интересна трка , не исклучувам победа во првиот круг, сите сценарија се во игра во моментов“, рече Арсовски.

Но што доколку , партиското членство на СДСМ биде поделено не се избере лидер во првиот круг , дали евентуалното одење на втор круг , што е регулирано со партискиот статут , ќе ја пролонгира политичката криза во земјава. Арсовски смета дека истата може да се пролонгира но и да ја дестабилизира владината коалиција.

„Доколку, СДСМ не избере лидер тоа ќе ја продлабочи политичката криза , ќе го натера Зоран Заев да остане уште некој период, додека не успее СДСМ да избере лидер , меѓутоа во основа напредокот со Бугарија е тој што ќе ја тактизира или дестабилизира владината коалиција , бидејќи дел од сегашните владини партнери влегоа во коалиција за да имаме напредок во Евро интеграциите и ако тоа се распадне поради неуспехот со Бугарија тогаш тоа ќе биде криза“, изјави Арсовски.

„Тоа ќе го знаеме после 12 ти декември , по завршување на изборниот ден на гласање.“, вели Петровска.

Изборот за нов претседател на партијата се одржува по оставката на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, по завршување на вториот круг од локалните избори, преземајќи одговорност за како што изјави тој лошите резултати од изборите.