Пациентот од Кичево за кој се сомневаше дека е заразен со мајмунски сипаници не сака да се тестира, затоа сѐ уште не се знае со сигурност дали е позитивен или не. Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, рече дека во земјава нема закон кој би присилил некое лице да се тестира, затоа останува на неговата совест. Властите се обидуваат да го убедат да прифати да се тестира.
КЗБ одлучи до Министерството за здравство да предложи да се дозволи здравствен надзор врз лицето кое одбива да се тестира.
Во однос на другиот сомнителен случај, мигрантот кој синоќа беше повреден во сообраќајна незгода, е негативен на мајмунски сипаници.
Од КЗБ смируваат. Велат дека нема место за паника во врска со мајмунските сипаници, бидејќи како што вели Петличковски, „ова не е нов ковид“, па затоа не очекуваме драматичен развој или сериозно ширење на болеста.
Инаку, Комисијата на денешниот состанок донесе препораки за сомнителните случаи на мајмунските сипаници, истите да бидат сместени во карантин во домашни или болнички услови до нивно тестирање, како и секојдневно да се врши епидемиолошко следење на контакти на потврдени случаи за време на траење на инкубацискиот период од 21 ден.
Фазиле Халили