Пендаровски до Владата: 10 години не е ништо направено во образованието, за жал не гледам ниту дека има план, затоа имаме 95% функционално неписмени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот Стево Пендаровски денеска во гостување на Телма упати критики до Владата велејќи дека 10 години не е ништо направено во образованието и од таму имаме 95% функционално неписмени лица.

„Таа функционална неписменост ја продизведува ваквиот систем. Ние мора да влеземе со фундаментални, а не со козметички промени. За жал не гледам дека тоа досега е направено и дека има планови да се направат суштински промени… Да ви кажам најотворено, работите не се видно променети од 10 години претходно, значи откако дојде оваа политичка постава на Власт, зошто? Има многу причини, јас не сум експерт за образование. Не се направија на почетокот, по промената на Власта 2017 година мај/јуни месец не се направија пар работи кои мораше да се направат за да се постави образованието на колку-толку подновени основи“, вели Пендаровски.

Тој посочи и што треба да се направи.

„Мораше да се направи ревизија на сите факултети кои се отворени изминативе 10-15 години. Сите знаеме дека за тоа не постоеше кадар, потреба ниту услови. Тоа не се направи. Се носеа професори со комбиња за да држат часови во западна Македонијаи ги враќаа назад и знаеме како на крај таму се добиваа дипломи“, вели Пендаровски.

Според него треба да се стават и сите дипломи на ревизија.

„Особено магистри и докторати кои тогаш беа добиени и особено немам проблем тоа да се прошири и да оди наназад“, додава Пендаровски.