Пендаровски го осуди нападот на бугарскиот културен центар во Охрид

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на државата Стево Пендаровски го осуди нападот на бугарскиот културен центар во Охрид.

„Го осудувам нападот на културниот клуб на бугарската заедница во Охрид. Очекувам надлежните институции да спроведат брза и детална истрага, преземање на сите мерки, со цел расчистување на случајот и одговорност за сторителите“, напиша Пендаровски.