Пендаровски и Штајнмајер положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во рамки на официјалната посета на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер на Република Северна Македонија, денеска претседателот Пендаровски и претседателот Штајнмајер положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Двајцата претседатели, по завршувањето на церемонијата на положување венци, ги разгледаа иконостасот, иконите и фрескоживописот во црквата „Св. Спас“.

Претходно, претседателот Стево Пендаровски во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот Штајнмајер, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации, двајцата претседатели одржаа заедничка прес-конференција.