Пендаровски: Постојат кандидати за претседател кои најавуваат поништувања на Рамковниот, Преспанскиот и Договорот со Бугарија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Актуелниот претседател Стево Пендаровски, на прес-конференција ги коментираше трите договори: Рамковен, Преспански и Договорот со Бугарија.

Кажа дека Рамковниот и Преспанскиот ја одиграле својата улога, а за Договорот со Бугарија, кажа дека источниот сосед почнал да бирал причини за блокада, кои во договорот ги немало.

„Постојат кандидати кои се залагаат или најавуваат поништување на Рамковниот, Преспанскиот и Договорот со Бугарија. Рамковниот договор ја засили, а не ја поткопа внатрешната кохезија во Македонија. Најмногу поради него станавме кандидат за членство во ЕУ. Преспанскиот договор го овозможи влезот на НАТО, и го потврди постоењето на македонскиот јазик. Договорот со Бугарија не беше спорен три години, а потоа стана проблем кога Бугарија почна да бара причини за блокада, кои во самиот договор ги нема. Конечно дека тезите дека некој ќе направи подобар Договор со Бугарија, се политичка „фатам органа“. – рече Пендаровски.