Пендаровски: Руската инвазија врз Украина ја наметна потребата ЕУ да се фокусира на интеграцијата на Западен Балкан

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во изминатите две децении иницијативата САД-Јадранска повелба (А-5) се покажа како успешен регионален механизам за јакнење на довербата меѓу земјите членки, но и пошироко, оцени министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната 26. Конференција на началниците на Генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5).

Таа во своето обраќање посочи дека резултатите од дејствувањето и соработката на оваа иницијатива се повеќе од видливи и широко препознаени.

– Четири од постојните нејзини членки се полноправни членки на НАТО алијансата, но заеднички придонесуваме и во поддршка на меѓународниот мир и меѓународните операции, нашиот заеднички придонес во мисијата ИСАФ и „Одлучна поддршка“ беа широко препознаени и вреднувани од нашите сојузници. Палетата на идеи и проекти за соработки продолжува и во развојот на одбранбените способности во рамки на НАТО процесот за одбранбено планирање и исполнување на обврските од целите на способности и партнерските цели, а потоа во рамки на заедничката обука и извежбување на силите, кризниот менаџмент и многу други области, истакна Петровска.

Министерката рече дека во изминатите две децении, Соединетите Американски Држави биле најсилните мотиватори и поддржувачи на европските и евроатлантските агенди на земјите членки на Повелбата.

-Без вашата несебична поддршка сите ние немаше да бидеме онаму каде што сме денеска. Убедена сум дека поддршката ќе продолжи со несмален интензитет и во наредниот период и во реализација на идните планирани проекти во рамки на Повелбата, рече Петровска.

Според неа, изминатите две децении покажале дека взаемната соработка, довербата и недвосмислената поддршка се движечки постулати на регионалната соработка.

-Соработката со вас ми дава за право да бидам сигурна дека успешно се справувате со сите предизвици и дека уште поуспешно ќе го правите тоа во иднина. Но, време е таква решителност и мудрост да биде препознаена и кај политичките лидерства во нашите, и земјите од регионот и енергијата да ја насочиме кон решавање на проблеми, а не нивно разгорување или создавање нови, порача Петровска. 

Командантот на Командата на Армијата на САД за Европа, генерал Кристофер Каволи рече дека инвазијата  на Украина од страна на Русија укажува на вредноста и важноста на колектината безбедност и колективниот територијален интегритет.