Пендаровски за воениот рок: Не се разгледува можност за негово враќање, ниту сега, ниту во иднина

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Република Северна Македонија има професионална Армија, согласно потребите на земјата. Стратешка одлука која ќе продолжи да се применува и во иднина, исполнувајќи ги обврските како полноправна членка на НАТО, вели претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Ова е неговиот одговор за ставот на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој во Клик Плус, предложи враќање на задолжително служење на воениот рок.

Пендаровски вели дека државниот врв не ја разгледувал можноста за враќање на задолжително служење во Армијата, ниту во изминатиот период, ниту пак таква можност е отворена за во иднина.