На 28.11.2024 во Полициската станица Валандово било пријавено дека околу 17.30 часот на регионален пат Р 1401, на место викано крстосница „Страиште“, валандовско, товарно возило „ивеко“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(47) од село Удово, валандовско, удрило во пешакот А.Т.(68) од село Казандол, валандовско. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Валандово. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.