Петков: Сите треба да знаат дека сме ја заштитиле бугарската позиција со овој предлог

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот Кирил Петков денеска истакна дека додека Народното Собрание не донесе решение, бугарската позиција останува таква каква што е.

Тој се осврна и на немањето кворум во Националното Собрание во Бугарија.

„А знаете ли зошто не сакаат да направат кворум? Затоа што им е страв, затоа што не можат да изберат претседател на Народното Собрание. Тие луѓе се едни плашливци, тие луѓе мислат само како да манипулираат, ако имаат вистинска позиција денеска комисијата заседава во следните денови може да има отворена дискусија каде што целиот бугарски народ ќе разбере“, посочи Петков.

Тој додава дека сите треба да знаат дека ја заштитиле позицијата со овој предлог.

„Уставот е важно нешто, тоа ќе се промени. Овие нешта треба јасно да се кажат, бугарскиот народ јасно да го види и никој да не се обидува да го префрла жешкиот компир…До пред некоја недела сите велеа премиерот сам ќе донесе решение на овој Совет, но јас кажам и ветив дека парламентот ќе донесе, а од вчера почнаа да велат дека не треба да е парламентот, треба да е премиерот. Или се плашливци сите вие кои се обидувате да го префрлате жешкиот компир или сте крадци кои се обидувате да ја нишите владата за да украдете милиони или сте државници. Ако те тоа, одете на комисија и да се донесе вистинската одлука, јас денеска ќе кажам на сите мои еу-партнери додека народното собрание не земе решение, бугарската комисија останува така каква што е“, порача Петков.