Петровска во Јегуновце посети семејства погодени од вчерашното невреме 

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пратеничката од шестата изборна единица и кандидатка за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска денеска ги посети граѓаните во населеното место Сиричино, општина Јегуновце едно од местата каде имаше најголеми штети од вчерашното невреме. 

 Петровска посети неколку семејства и една приватна компанија, кои синоќа претрпеа големи штети од невремето.

 „Страшни се последиците по имотите од вчерашното силно невреме што го зафат овој крај. 

Упатувам апел до општината во рамки на своите надлежности во брз рок да обезбеди надомест за да се санираат штетите, а јас како пратеничка во Собранието ќе ги искористам сите свои ингеренции да се изборам за финансиски надомест и од страна на централните институции. 

Временските непогоди не можеме да ги предвидиме и пресретнеме, но со заедничка помош и поддршка можеме полесно да ги надминеме штетите и последиците“ рече Петровска пред граѓаните на Сиричино.