Претседателот на Македонската асоцијација за човечки ресурси и основач на бизнис инкубаторот „Степап“, Дарко Петровски, во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека сè повеќе компании во земјава го градат својот менаџерски кадар од внатрешноста на организацијата.
„Компаниите учат и инвестираат во своите вработени. Кога ќе препознаат потенцијал кај некого, вложуваат во негов развој и на тој начин го надополнуваат недостатокот од менаџери“, изјави Петровски.
