Петровски: Постојат работни позиции кои нема кој да ги пополни, а за одредени позиции има пријавено премногу луѓе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Македонската асоцијација за човечки ресурси и основач на талент бизнис инкубаторот „Степап“, Дарко Петровски, во гостување во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 потсети дека пред една деценија, кога невработеноста во земјата надминуваше 30%, работодавачите биле во многу поволна позиција.

„Тогаш доволно беше само да намигнат и веднаш стотици луѓе ќе се пријавеа за работа. Но, уште во 2016 година реков дека ќе дојде време кога на пазарот на труд ќе недостасуваат квалификувани лица“, изјави Петровски.

Тој посочи дека сегашните промени не се резултат само на внатрешни фактори, туку и на глобални трендови, бидејќи потребите на пазарот на труд се менуваат драстично. Според статистиките од 2023 година, на секое работно место за наставник се пријавувале околу 20 кандидати, за правни позиции 13, додека во областа на информатичката технологија – само еден кандидат наспроти 56 отворени позиции.

„Постојат работни места кои нема кој да ги пополни, а за други – имаме премногу кандидати“, заклучи Петровски.