Петрушевски верува дека Груби ќе се врати: Познавајќи ја неговата храброст, знаев дека веднаш ќе избега!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски денеска во „Дејли Клик“ на ТВ21 порача дека верува оти екс првиот вицепремиер и сегавеќе бегалец, Артан Груби ќе се врати во државава.

„Верувам дека меѓународната потерница преку Интерпол ќе се ефектуира и ќе го видиме Артан Груби на нашите гранични премини или аеродром многу наскоро. Сепак не е тој некоја личност која што е од капацитет на светски лидери па да му даде некој некаков азил, значи може вака да се скрие неколку денови меѓутоа ќе се ефектуира таа потерница“, вели Петрушевски.