Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски денеска во „Daily Click“ на ТВ21 истакна дека добро е што правдата почнала да чука на врата во Македонија.
„Факт е дека и двајцата осомничени за овој случај се недостапни за лицето на правдата во моментот, тоа е само доказ дека се виновни. Само пред неколку дена, поранешниот прв вицепремиер имаше статус на Фејсбук дека бил чист како солза, за после неколку дена истиот е недостапен за правдата и институциите, го нема никаде да се огласи“, вели Петрушевски.