Планот за продажба на резерви на ИЕА ги намали цените на нафтата на 100 долари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

 Цените на нафтата денеска се намалија на 100 долари на меѓународните берзи, откако членките на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) објавија детали за продажба на 120 милиони барели од стратешките резерви, со цел да се подобри снабдувањето.

На лондонската берза цената на барел нафта во попладневните часови беше за 30 центи пониска од претходното затворање и изнесуваше 100,28 долари. На американската берза со барел се тргуваше по речиси непроменета цена од 95,99 долари.

Трговците денеска се фокусираа на деталниот план на членките на ИЕА за продажба на 120 милиони барели нафта од стратешките резерви во следните шест месеци. Како дел од иницијативата на ИЕА, САД ќе пласираат 60 милиони барели на пазарот и уште 120 милиони барели одделно.

Аналитичарите на американската инвестициска банка ЈПМорган сметаат дека продажбата на нафта од резервите „на краток рок многу ќе помогне“ за да се компензира трајната загуба од, како што проценуваат, еден милион барели руска нафта дневно.