„Платите не растат, се трошат пари на билборди, се купува скапа струја, нема вработувања на лекари“, рече Филипче во „Клик Плус“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче во вчерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 ја критикуваше власта за првите 100 дена од владеењето.

Тој кажа дека платите не продолжиле да растат, иако сега нема криза, како што било тоа во времето на СДСМ кога растеле и покрај тоа што, како што вели Филипче, се менаџирало и со три кризи.

„„Сметаме дека овие 100 дена оваа Влада не покажа никаков интерес за граѓаните, компаниите и генерално за државата. Владата не продолжи со политики кои ние ги имплементиравме во измиантите седум години. Особено во покачувањето на платите. Не продолжија со покачување на платите, и продолжија да владеат онаму каде што застанаа во 2016 година. Треба да напомене дека сега нема криза, а ние во изминатите седум години се боревме со три кризи, а платите растеа“, рече Филипче.

Во текот на емисијата Филипче кажа дека со зголемувањето на пензиите се создава дупка во буџетот која ќе биде над 100 милиони евра за една година, односно следната ќе биде и 200 милиони кога ќе има дополнително зголемување на пензиите.

Лидерот на СДСМ рече дека власта троши буџетски пари за билборди во кои се објавуваат политиките на Владата.

За обвинувањата дека нема пари во Фондот за здравство, одговори дека тоа не точно и дека минатата власт го оставила Фондот со 1 милијарда денари на сметка. Напомена дека не е точна информацијата дека Владата вработува 600 лекари, напротив, кажа дека се донела одлука да има забрана за вработувања на нови кадри во здравството.

Филипче обвини дека власта купува скапа струја со оглед дека капацитетите на РЕК Битола воопшто не работеле.

„„Најавуваат инвестиција во енергетика, што наводно ќе се обезбедила стабилна инвестиција во енергетика, а тоа беше во ветерници, и не се знаеше дали ние ќе имам право на откуп на таа струја, но таа е енергија не може да се смета цело време. Тоа што се случува се огромните трошоци на купување на струја затоа што капацитетите на РЕК Битола воопшто не работат“, рече Филипче.