По две години Нов Зеланд дозволи влез за странци во земјата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Нов Зеланд дозволи влез за странци, две години откако беше затворена поради пандемијата на коронавирусот. Дозволено е и вкотвување на бродови за крстарење.

Границите на Нов Зеланд почнаа повторно да се отвораат во февруари годинава, прво за граѓаните на Нов Зеланд, а потоа ограничувањата беа постепено ублажувани.

Процесот на целосно отворање заврши вчера, а дозволен е влез и за оние посетители на кои им е потребна виза, како и на оние со студенски визи. Дозволено е вкотвување на бродови и на странски јахти.

Посетителите треба да бидат вакцинирани против ковид-19, и два пати да бидат тестирани при пристигнувањето во Нов Зеланд.

Премиерката Џасинда Ардерн рече дека завршувањето на постепеното отворање на границите е огромен успех.

„ „Тоа беше постепен и внимателен процес од наша страна од февруари бидејќи ние, заедно со остатокот од светот, продолжуваме да се справуваме со жива глобална пандемија додека сакаме нашиот народ да биде безбеден“, рече Ардерн.