По инспекциски надзор, инвеститорот ја отстрани нелегалната градба на зелениот пазар „Буњаковец“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

По претходно издадено Решение од Секторот за инспекции на Општина Центар, денеска инвеститорот самостојно ја отстрани нелегалната градба на зелениот пазар „Буњаковец“, информира градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ на својот ФБ профил.

Тој во својот фејсбук статус напиша дека откако завршил инспекцискиот надзор констатирано било дека инвеститорот не поседувал одобрение за градбата и согласно член 59 и член 134 став 1 од Законот за градење, самиот ја отстрани градбата.

-Упатувам апел до сите инвеститори кои имаат добиено решенија, самостојно да си ги отстранат нелегалните објекти. Во спротивно Општината административно ќе ги изврши, а трошокот за извршувањето ќе падне на товар на инвеститорите, напиша Богдановиќ.