По повеќе од 10 часа: Заврши средбата во Охрид

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

По повеќе од десет часа разговори во Охрид заврши средбата меѓу премиерот на Косово, Албин Курти, српскиот претседател Александар Вучиќ и претставниците на Европската унија, шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел и комисарот за дијалог Мирослав Лајчак.

На средбата, со посредство на европски претставници, на дневен ред е планот за имплементација на европскиот предлог за нормализација на односите.

реклама

Средбите во Охрид меѓу лидерите започнаа во 10:30 часот.

Првично Курти и Вучиќ имаа одвоени средби со европските посредници, а потоа почна средбата на која страните разговараа за спроведувањето на европскиот предлог за нормализација на односите.

реклама
реклама
реклама