Почина 33-годишен затвореник во затворот во Штип

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 06.08.2022 во 11.29 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во затворот починало осуденото лице Е.М.(33) од Кочани. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.