Почина Оливера Николова, македонска писателка за возрасни и деца, една од најчитаните македонски автори. Нѐ напушти на 88-годишна возраст.
Николова ја одбележа македонската книжевност во втората половина на минатиот век, и на почетокот на овој век.
Автор е на многу книги и телевизиски серии: „Зоки Поки“ (тв-куклена серија); „Среќен пат, Зоки!“ (тв-куклена серија, со Глигор Поповски и Видое Подгорец); „Девојките на Марко“ (тв-серија во шест епизоди). Исто така, таа е автор и на неколку радио-игри: „Земја во која не се стигнува“, „Игра за мама“, „Од палец до сон“, „Како расте татковината“, „Големото зошто“ итн.
И покрај богатиот книжевен опус, Оливера Николова е најпозната како автор на првиот градски лик во македонската книжевност – Зоки Поки.