Почна седницата на Советот за безбедност, ќе се расправа за францускиот предлог

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски почна состанокот на Советот за безбедност на кој ќе се разгледува модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија.

На дневен ред на седницата е модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија.

На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, присуствува и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.

По завршувањето на седницата најавено е обраќање на претседателот Пендаровски.