Поделбата на владиниот “колач“ не е фиксна, Шаќири вели „ВРЕДИ се задоволни, но секогаш може и подобро“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседател на Парламентот, 6 министри и други ресори кои ги добија во договор со ВМРО-ДПМНЕ се задоволителни за ВРЕДИ, рече пратеникот од оваа коалиција Ријад Шаќири во Дејли Клик кој додаде дека секогаш може и подобро. Тој вели дека ваквата поделба не е фиксна.

Во рамки на поделбата секогаш може и подобро. За ваквата поделба сметаме дека е добра но не е фиксна. Со тек на времето при спроведување на владината програма ќе видиме кои ни се човечките ресурси каде можеме да придонесеме во одредени ресори и можеби ќе има некаква реорганизација на владата, вели Ријад Шаќири, пратеник од ВРЕДИ.

Според тоа што е објавено до сега, ВМРО-ДПМНЕ за себе ќе ги задржи најважните министерства како финансии, МВР, МНР итн. Но Шаќири вели дека во минатата влада на чело на финансии бил Албанец но како што додаде буџетските средства за албанските општини се малку.

Ние до сега на чело на финансии го имавме г. Фатмир Бесими но доколку направиме анализа за тоа колку од буџетските средства се наменети за албанските општини, тоа е една паралела, исто беше и Никола Поповски од СДСМ, немаше некоја разлика. Нам ни треба политички став наспроти коалиција, со луѓе кои имаат лично и политичко достоинство, вели Ријад Шаќири, пратеник од ВРЕДИ.

Шаќири говореше и за легитимитетот што го оспорува Европскиот фронт. Според него, ВРЕДИ е легитимен претставник на Албанците и дека оваа коалиција во влада ја одвеле албанските гласови.