Поднесени кривични пријави против неколку лица поради непочитување на полицискиот час

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

СВР Охрид, СВР Куманово, СВР Велес, СВР Штип, СВР Тетово и СВР Битола поднесоа кривични пријави против З.Н.(36) од Охрид, Н.Б.(40) од Штип, А.Л.(29) од с.Хаме, дебарско и А.Ј.(26) од Р.Албанија; Б.М.(20) од Куманово, А.Ј.(78) и Б.Ј.(54) од Кратово; О.Ш.(36) од Прилеп, Т.Н.(40) од с.Иванковци, велешко, Ѓ.К.(39) од Велес; М.Ш.(64) од Берово, Д.Р.(33) од с.Облешево, кочанско, И.Д.(39) од Скопје; С.Љ.(24) од с. Доброште, тетовско и З.Б.(35) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавените, во периодот од 12.03. до 19.04.2021, без дозвола за движење се движеле за време на забрана за движење.