Подољак: Киев очекува повеќе санкции против Москва по најавата на Путин за распоредување тактичко нуклеарно оружје во Белорусија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Киев очекува повеќе санкции од Европа против Москва по одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, изјави денеска Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Подољак, исто така, го изрази барањето на Украина Европа да и обезбеди повеќе оружје што ќе се користи за изведување контраофанзива.

– Неопходно е да се зголеми воениот потенцијал на Украина за контраофанзива и да се зајакнат санкциите против Русија, истакна Подољак.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера најави дека на барање на Минск ќе распореди тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија.