Полицијата казни 175 возачи поради брзо возење на автопатот Скопје-Гевгелија и магистралниот пат Градско-Прилеп

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во текот на вчерашниот ден (03.04.2021) спроведена е  зајакната акциска контрола на автопатот Скопје-Гевгелија и магистрален пат Градско-Прилеп за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 175 возила.

Од нив, 31 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.  

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.