Полицијата во САД спречила нов обид за атентат врз Трамп?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Полицијата во САД спречила потенцијален трет обид за атентат врз Доналд Трамп.

Во пресрет на митингот на кандидатот на Републиканската партија во Кочела, Калифорнија едно лице е уапсено за недозволено поседување на оружје.

Уапсеното лице е идентификувано како Вем Милер. Кај него била пронајдена наполнета пушка, пиштол, рамка со голем број куршуми, лажна ВИП карта и наводно изразил желба да го „убие претседателот“.