„Џабе ни се лижете, сите ќе ве стрелам“, напиша на Фејсбук, Апасиев.
Изгледа дека оваа фејсбук објава му предизвика проблеми на претседателот на Левица, Димитар Апасиев.
Кога ТВ21 го праша кого ќе стрела, Апасиев не даде јасен одговор, но сега поради неговите фејсбук објави ќе треба точно да одговори пред Обвинителството.
Апасиев ќе биде испрашан од страна на Јавното обвинителство. Пријавите се во врска со навреда и говор на омраза.
„Истовремено за истото лице пристигнаа две кривични пријави, поднесени од здружението на граѓани Хелсиншки комитет за човекови права и две физички лица, а се однесуваат на друг статус објавен на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер“, велат од Јавно обвинителство.
Неофицијално дознаваме дека Апасиев нема да биде повикан на разговор пред август.
За прашањето за можната коалиција, Апасиев рече дека нема што да разговара со Заев, а не ја исклучува можноста за коалицирање со другите партии, дури најави дека можно е да не прифати и никаква колација , туку тој и неговиот сопартиец во собранието да дејствуваат сами.
Оваа партија за прв пат ќе влезе во Собрание со двајца пратеници, а тврди дека на избори им се украдени 3 мандати, со што до ДИК поднеле над 420 приговори.
