Поради испад на трафостаница: Населбата Бутел остана без струја!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Населбата Бутел 2 попладнево остана без електрична енергија.

Од ЕВН за ТВ21 велат дека прекинот е поради испад во трафостаница.

„Поради испад во трафостаница, а поконкретно поради изгорен прекидач, корисниците на Бутел 2 во моментов се без електрична енергија“, велат од ЕВН за ТВ21.

Според нив, планирано е за најмалку еден час трафостаницата да се врати во функција.