Поранешниот министер за внатрешни работи Трајанов: Во бегството на Мијалков не се вмешани странски служби

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешниот министер за внатрешни работи и претседател на Демократскиот сојуз Павле Трајанов во интервју за „Слободна зона“ на бугарската ТВ Европа, ја отфлил можноста за вмешаност на странски разузнавачки служби во бегството на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Трајанов потребно е да биде побарана политичка одговорност за бегството на Мијалков.

Трајанов во врска со излегувањето на ЛДП од владејачката коалиција, истакна дека мнозинството е стабилно.

-Во моментов се води психолошка војна меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, нагласи Трајанов.