Последен ден од Пописот – ДЗС уверен дека ќе заврши во законскиот рок

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Согласно Законот за попис, денеска е последниот 26-ти ден од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година. До вчера во земјава се попишани вкупно 1.760.194 лица, 546.080 домаќинства и 789.406 станови, додека можноста за самопопишување на лица во странство, досега ја искористиле – 201.247 граѓани од дијаспората.

Директорот Апостол Симовски, за ТВ21 вчера рече дека нема потреба од пролонгирање на рокот, бидејќи е убеден оти целиот процес ќе биде комплетиран навреме.

Симовски вели дека е разбирливо некој да остане последен попишан. Додава дека е среќен што граѓаните реагирале што попишувачите сѐ уште не ги посетиле.

И од Владата потврдуваат дека не е побарано пролонгирање на рокот за пописот. Велат дека се ставени на располагање сите капацитети за статистичката операција да заврши во законскиот рок.

Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини, што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС: https://popis2021.stat.gov.mk/Upatstva/SpisokNaKPRzaPopisuvanje.pdf

Во продолжение целото интервју со Симовски: