Потомци на британско семејство чии предци имале робови ќе и платат репарации на Гренада

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Британско семејство чии предци поседувале робови во 19 век ќе им се извини на жителите на карипскиот остров Гренада и ќе плати отштета во износ од 100.000 фунти, пишува во неделата германската агенција dpa.

„Семејството Тревелјан им се извинува на народот на Гренада за улогата што ја одиграле нашите предци во ропството на тој остров и ветува дека ќе плати репарации“, напиша на Твитер новинарката на Би-Би-Си, Лаура Тревелјан, член на семејството со седиште во САД.

реклама

Нејзиното семејство во 19 век во Гренада имало повеќе од илјада робови и поседувало шест плантажи со шеќерна трска, вели новинарката.

Семејството има намера да донира 100.000 фунти за формирање фонд за економски развој на островот, објави Би-Би-Си.

реклама

Г-ѓа Тревелјан рече дека седумчленото семејство ќе отпатува во Гренада овој месец за да се извини јавно.

Новинарката, која го посети островот за да сними документарец, изјави за Би-Би-Си дека нејзиното искуство е „навистина страшно“ и „се срами“ да ги види плантажите каде што робовите биле казнувани и алатките за мачење кои се користеле за да ги убијат.

реклама

„Не можете да го поправите минатото, но можете да ја признаете болката“, рече таа.

Таа додаде дека семејството добило приближно 34.000 фунти како компензација во 1834 година за загубата на нивниот „имот“ во Гренада, кој денес би вредел околу 3 милиони фунти.

Таа призна дека донацијата од 100.000 фунти речиси 200 години подоцна може да изгледа „недоволна“, но додаде дека се надева дека извинувањето за постапките на нивните предци ќе биде пример за другите.

реклама
реклама
реклама