Потонатата индонезиска подморница распарчена на три дела, причините за потонувањето остануваат непознати

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Остатоците од потонатата индонезиска подморница „Нангала“ се пронајдени на морското дно кај Бали, а нејзините 53 членови на екипажот се мртви, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на соопштение на индонезиските вооружени сили.

Индонезија вчера ја прогласи подморницата за потоната, но досега немаше потврда дека членовите на екипажот загинале. Сепак, се веруваше дека кислородот во подморницата завршил најдоцна вчера наутро.

Подморницата е распарчена на најмалку три дела и е на длабочина од 838 метри, соопшти командантот на индонезиската морнарица Јудо Маргоно. Тој ја отфрли можноста несреќата да е резултат на човечка грешка.

Причините за потонувањето на „Нангала“ остануваат нејасни.