Повеќе од 100 луѓе исчезнаа по превртување на брод во Нигерија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Повеќе од сто лица се водат како исчезнати по превртување на брод со околу 160 патници во северозападна Нигерија на реката Нигер, соопштија локалните власти.

– Бродот превезувал околу 160 патници. Се превртел и потонал со сите патници на него, изјави службеник од одделот Нгаски во нигериската држава Кеби.

Тој додаде дека во тек е операција за спасување, но оти досега биле извлечени само 22 преживеани и едно тело.