Повикот за ветинг, за Мицкоски е хумор и сатира – Ахмети го предизвикува: Јас не правам филмови, ајде да пробаме!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Со висок тон и остар повик, лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера ги повика сите партии да одговорат на повикот за ветинг на сите политичари од последните 30 години. На заедничката прес конференција на ЕФ, Ахмети истакна дека Албанците се исклучени од приватизација на претпријатијата, кои биле преземени од тогашните политичари во земјава.

-На земјата и треба ветинг, наредете да направиме ветинг! ВМРО, ВРЕДИ, сите што сте, ајде и СДСМ да направиме за сите функционери за потекло на имотот, ама “не им држи“. Бидејќи влегоа како партали а станаа милионери и милијардери, изјави Али Ахмети од ДУИ/ЕФ.

Но премиерот Христијан Мицкоски повикот на Ахмети го нарече хумор и сатира.

Ахмети возврати со одговор. Го повика Мицкоски да пробаат и да видат дали ќе испадне хумор. Додава дека ако се направи ветинг тоа да биде со учество на Брисел и Вашингтон.

-Да го пробаме хуморот и да видиме како ќе испадне. Јас упатив апел не од сега, туку пред години. Законот за ветинг е во фиоките на собранието на РСМ а беше предложен пред 4 години. Нека се отвори истрага за сите политички партии во земјава за последните 23 години и од постоењето на ДУИ и да го видиме хуморот како ќе се одвива. Јас не правам холивудски филмови и не сум сценарист од Холивуд, изјави Али Ахмети од ДУИ/ЕФ.

Повикот за ветинг го коментираа и од коалицијата ВРЕДИ.

Инаку ветингот беше дел од програмата на ДУИ за мандатот 2020-2024 на парламентарните избори во 2020.