Повредена 17-годишна девојка од струен удар над вагон во Маџари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На железничката станица во скопско Маџари, повредена е 17-годишна девојка. Од МВР соопштуваат дека инцидентот се случил кога дошло до струен удар над еден вагон, по што девојката е пренесена на скопска клиника.

„Од ударот со повреди се здобила 17-годишна девојка. Веднаш биле повикани полициски службеници, пожарна и брза помош, а повредената е пренесена во Клинички центар на укажување на лекарска помош“, велат од МВР.