Повредени четворица малолетници во тешка сообраќајка на Водњанска во Скопје

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во тешка сообраќајка несреќа утрово на „Водњанска“ во Скопје, повредени биле четворица малолетници, од кои едниот го управувал возилото. Возилото „Форд Мондео“ удрило во бетонска жардињера.

– На 19.08.2022 во 04.20 часот било пријавено дека на крстосницата од бул. „Мајка Тереза”, со ул. „Тодор Александров” и ул. „Белградска” патничко моторно возило „форд мондео” со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, удрило во метална канделабра и бетонска жардињера, велат од МВР, пренесува Курир.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот што го управувал возилото и уште тројца малолетни сопатници (еден од Струмица, двајца од Скопје), констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември” и Комплексот клиники „Мајка Тереза”.