Пожар во објект во касарната „Ѓорче Петров“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денеска во 03.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на касарната „Ѓорче Петров“ настанал пожар во еден објект, велат од МВР.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.