Босанско-херцеговската актерка Татјана Шојиќ, која ја паметиме како Марија од култната серија „Луд, збунет, нормален“, доби улога во филмот на Нетфликс „Шеесет минути“ за ММА борецот Октавио Бергман кој се откажува од важен натпревар за да го запознае својата ќерка за роденден, јавува Индекс.
Сепак, тој мора да го стори тоа во рок од 60 минути или ќе го изгуби старателството над неа.
Дополнителен проблем за него е групата криминалци со кои се соочува на пат кон ќерката.

Во филмот Татјана ја игра Даница, застрашувачка Србинка која наредува киднапирање на Октавио.
Филмот пристигна на Нетфликс на 19 јануари и моментално е меѓу првите 10 најгледани филмови во Србија, поточно на второто место, а во продолжение погледнете го трејлерот.
