Пратениците во Бундестагот го поддржаа влезот на Хрватска во еврозоната

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Германскиот Бунтестаг синоќа го поддржа воведувањето на еврото во Хрватска, со оценка на пратениците дека Хрватска ги исполнила сите неопходни критериуми за влез во еврозоната.

Германските законодавци согласни дека во интерес на Германија е натамошен развој и заокружување на економската и монетарната унија.

На одлуката се спротивставија единствено пратениците на крајната десничарска партија „Алтернатива за Германија“, чиј пратеник Норберт Клејнвахтер ја нарече Хрватска „Новата Грција“.

На летниот самит одржан на 24 јуни лидерите на ЕУ ја поддржаа препораката за влез на Хрватска во еврозоната, што е претпоследен чекор во процесот на одлучување.

Последниот чекор е усвојување на трите законодавни предлози за влез на Хрватска предвидено да се случи на состанокот на Советот за економија и финансии на 12 јули, така што од 1 јануари наредната година еврото ќе биде официјална валута во Хрватска.

Последното проширување на еврозоната се случи во 2015 година кога еврото стана официјална валута во Литванија.