Пред 5 години жителите на Диво Насеље Куманово се разбудија со пукотници, не знаеја што се случува толку рано наутро Борбата се одвиваше меѓу таканаречената „Кумановска група„ и Специјалните единици. Населбата беше блокирана и опколена со блиндирани полициски возила.
Во текот на вооружената пресметка загинаа 8 припадници на специјалните единици и 10 члена од Кумановската група.Сега по пет години, сите го памтат овој немил настан кој не треба да се повтори.Но се уште нема одговор зошто се случи .
Премиерот, Оливер Спасовски, се потсети на овој трагичен и вознемирувачки настан.
Мухамед Зекири, пратеник на СДСМ, тогаш напиша за Директорот на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чулев.
-НаЧе Чулев спиеш ли мирно???
Тогаш беше директор на Агенцијата за Разузнавање а Синиша и Шенаси ти беа главни актери…-напиша тогаш Зеќири.
Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев преку фејсбук објава им изрази сочувство на семејствата и најблиските на загинатите припадниците на полицијата кои го изгубија животот во текот на полициската акција.
И Претседателот на Алијанса за Албанците потсети на овој настан. Тој истакна дека бараат меѓународна истрага за овој случај.
„Денеска навршуваат 5 години од акцијата во Куманово, односно во Диво Насеље. Солзите на малата девојка, Замира, тагата на жителите на ова населба и предавството кон поранешните војници ќе ги прогонуваат сите тие кои имаат вмешано прсти во подготовката и реализацијата на кумановското сценарио“, рече Села.
37 лица се осудени на казна затвор од вкупно 746 години за тероризам, повеќето од нив косовски државјани, кои беа прогласени за виновни за настаните од 9 и 10 мај 2015 година.
Осудените не ја прифаќаат казната и бараат меѓународна истрага за овој случај.
