Предизвиците на фудбалерите во карантински услови, Рушити раскажува за тренинзите од дома

НАЈНОВИ ВЕСТИ


„Ја одржував формата тренирајќи и трчајќи постојано. Правев физички вежби. Тренирав на разни места“.

Вака ги минувал тренинзите во домашни услови фудбалерот Ниџрет Рушити. Тој игра за вториот тим на „Вардар“. Во денови кога немаше полициски час, тој излегувал и трчал на отворено. Вели дека како фудбалер му било тешко да ја одржува формата во карантин.

Но, сега како што вели, веќе му е полесно. Тренира на фудбалски стадион на отворено.

-Сега е полесно, како што можете да видите и самите. Сега можеме и на отворено да тренираме-вели Рушити.

Ниџрет има 19 години и вели дека има понуди од разни клубови од Првата лига на Македонија.

Неговата позиција на терен е напаѓач од десно крило, а најголема желба му е да го достигне врвот во фудбалот.

-Мојата најголема желба е да играм во Првата лига на Англија. Ова е мојот сон, да го достигнам врвот на успехот во фудбалот-изјави Рушити.

Поради пандемијата, натпреварите беа во прекин, а викендов по неколку месеци пауза се одигра и пријателски натпревар меѓу Пелистер и Борец. Во Првата македонска фудбалска „Вардар“ беше прв на табелата.