Премиерката на Бангладеш побегна од земјата поради протести!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерката на Бангладеш, Шеик Хасина поднесе оставка.

Исто така, и ја напушти земјата откако антивладините демонстранти упаднаа во официјалната резиденција во Дака.

„Таа и нејзината сестра го напуштија Ганабабан (службената резиденција на премиерката) и заминаа на побезбедно место. Таа сакаше да сними говор, но немаше можност да го направи тоа“, рече извор за светските агенции.

Синот на премиерката денеска ги повика безбедносните сили на земјата да го блокираат секое преземање на нејзиното владеење откако стотици илјади демонстранти бараа таа да се повлече.

„Ваша должност е да го чувате нашиот народ безбеден и нашата земја безбедна и да го почитувате Уставот. Тоа значи не дозволувајте ниту една неизбрана влада да дојде на власт ниту една минута, тоа е ваша должност“, напиша во објава на Фејсбук, Саџиб Вазед Џој, кој е во САД.

Џој, кој исто така е советник за информатичка и комуникациска технологија на Хасина, претходно предупреди дека напредокот постигнат од Бангладеш ќе биде загрозен доколку таа биде принудена да ја напушти функцијата.