Премиерот на Црна Гора задоцнил 4 минути на средбата со претседателот на Бугарија, Радев ја напуштил Владата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Откажана е средбата меѓу премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ и претседателот на Бугарија Румен Радев.

Како што соопштија тамошните медиуми, договорената средба меѓу Спајиќ и претседателот на Бугарија во зградата на Владата доцнела, поради што делегацијата предводена од Радев ја напуштил зградата по четири минути чекање.

  • Со Амбасадата на Бугарија беше договорено средбата да се одржи во приемната сала во Владата во 17 часот, бидејќи премиерот Милојко Спајиќ имаше голема желба да се сретне со претседателот Радев и покрај набиената агенда. Претходната средба на премиерот со најголемата туристичка компанија германската ТУИ траела три минути подолго од планираното, а делегацијата на претседателот на Бугарија Румен Радев ја напуштила зградата на Владата по четири минути чекање, изјавија за од Владата.

Од Владата дополнително објаснуваат дека средбата требало да се одржи во истата приемна сала каде се одржала средбата со претставниците на ТУИ и дека причината за нејзиното доцнење е тоа што просторот треба да се подготви за нова средба.

Домаќин на посетата на претседателот на Бугарија е претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.