Преписки за буџетот во образование – дали државата има средства за учебници?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ го обвини министерот за образование Јетон Шаќири за изјавата дека нема доволно средства за печатење учебници за средното образование. Весна Јаневска од оваа партија вели дека срамно е да се каже дека нема средства, бидејќи како што вели, оваа година МОН има буџет од 450 милиони евра.

 Сепак, министерот за образование и наука ги демантираше овие обвинувања на ВМРО, појаснувајќи подетално како е состојбата со буџетот за книги. Тој за ТВ21 изјави дека е погрешно протолкуван од медиумите во однос на средствата и додава дека се обезбедени средства за целото основно и  средно образование, додека за средното стручно образование, средствата  ќе бидат дополнат бидејќи таму има многу насоки.

„Изјавата што ја дадов дека се надевам дека ќе има средства за сите предмети, а во рок и врз основа на усогласениот буџет што го имам, обезбедени се буџетски средства за цело основно образование, за средно образование додека за стручното образованието за прв пат ќе биде дополнет, се надевам дека се ќе се реализира. Реков дека се надевам и сум на мислење дека навистина тековниот буџет не ги исполнува сите услови, но да се печати книга за сите предмети, покрај буџетските барања има и барања за одобрување бидејќи има многу насоки во стручното образование“, вели Јетон Шаќири.

Инаку, според истражувањето на Институтот за политички истражувања во Скопје, 57,3 отсто од граѓаните сметаат дека образованието во Македонија не е квалитетно. Според просечна оценка од 1 до 5, состојбата во образованието во земјава граѓаните ја оцениле со 2,64.

Зекирија Хаџиу