Пресек температури во 17 часот: Еве кој град беше најтопол во Македонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денеска максималните температури беа 22 Попова Шапка, 25 Лазарополе, 27 Маврови Анови, Крушево, 30 Охрид, Берово, 31 Претор, 32 Крива Паланка, 34 Тетово, Прилеп, Штип, Демир Капија, Виница, 35 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Гевгелија, 36 Скопје-Петровец, Битола, Кавадарци, Велес, велат од УХМР.

Времето до крајот на денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена, а зголемена облачност има во источните делови која постепено се намалува. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро време.
Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени. UV=8