Пресудата од три години за сообраќајката кај Сити мол, неприфатлива за семејството на починатата Викторија Николова

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пресудата од три години затвор за обвинетиот Јордан Ѓорѓиев за трагичната сообраќајка кај Сити мол, за семејството на починатата Викторија Николова е неприфатлива и најавија жалба преку јавното обвинителство.

Адвокатот Владимир Михјаловиќ, во својство на правен застапник на оштетената Николова, во својот коментар на пресудата истакна дека „на 20-ти вечерта трепкало жолто светло, а за жал денеска Основниот Кривичен суд – Скопје дозволил светлото да биде зелено и на тој начин дозволува вакви престапи да поминат неказнети“.

– Ваква казна од три години за вакво дело со смртни последици е премногу несериозна за премногу сериозно дело. Во консултација со јавното обвинителство најавивме дека ќе поднесеме барање за жалба на оваа пресуда и се надеваме дека Апелациониот суд ќе биде многу посериозен по дадената жалба на јавното обвинителство. Морам да нагласам дека имаме ситуација кога се е чисто, кога без разлика на признавањето на вина делото и со него и без него е такво какво што е, а имаме пресуда која за нив и за нас е ослободителна. Со тоа дозволуваме секојдневно сите ние, сите вие и оние гледаат да бидеме жртви на сообраќајното насилство. Оваа мора да престане веднаш, затоа што вака ќе имаме повеќе погреби на пешачки, отколку што ќе имаме веселби за убави работи, рече бранителот Михајловиќ.

Таткото на почината Викторија, даде кратка изјава и посочи дека се згрозени од пресудата и затоа од овие причини има голем процент на недоверба во судството.

Од другата страна одбраната на обвинетиот Ѓорѓиев, наведе дека пресудата за нив како одбрана е задоволителна и дека за казната од три години нема да се жалат, но ќе поднесат жалба за одлуката за притвор.

Според нив, домашниот притвор во правото е притвор што ограничува.