Претрес во Општина Чешиново – Облешево, пронајдени пушка и муниција

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Полициски службеници од ОВР Кочани вчера во с.Лепопелци, Општина Чешиново – Облешево го лишиле од слобода Б.Г.(55) од с.Бурилчево.

Како што информираат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка и три куршуми калибар 16мм.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.