Претставници на бугарското обвинителство во Скопје – ќе земат ДНК примероци од роднините на жртвите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претставници на бугарското обвинителство денеска беа во Скопје. По средбата со нивните колеги од земјава,  ги земаа ДНК примероците од роднините, со цел што побрзо да бидат идентификувани патниците кои трагично загинаа во автобуската  несреќа.

Не беа видени кога пристигнале, иако екипата на ТВ21 цел ден беше пред обвинителство. Јавниот обвинител, Љубомир Јовески откри за што разговарале на средбата.

Претставниците на бугарското обвинителство со себе ќе ги земат само ДНК примероците, туку и документацијата од агенцијата Беса Транс.

Јовески исто така соопшти  дека но изгорениот автобус е пронајдено уште едно тело кое е испратено во Институтот во Бугарија. Со тоа бројот на жртвите изнесува 45.